Ширер: Немам проблеми со ВАР, ама луѓето коишто се задолжени за него се идиоти

Откако се воведе ВАР во последниве години во најсилните фудбалски лиги, често гледаме катастрофални одлуки на судиите.

Иако оваа технологија е донесена за да се олесни нивната работа, тие очигледно сè уште никако да се научат да ја употребуваат.

Особено тоа важи во Англија, каде што на секој втор натпревар гледаме катастрофално судење.

По тој повод се огласи и легендата Алан Ширер.

„Немам никаков проблем со ВАР-от и сметам дека е добро за фудбалот. Но, тие што раководат со него се вистински идиоти.

Немаат поим како да работат со него, а кога некој од страна ќе се обиде да им помогне, тие игнорираат.

Федерацијата мора да го реши овој проблем кој може да стане навистина голем“, изјави Ширер во едно од своите ТВ-обраќања.

- Оглас -

Најнови вести