Широката понуда на игри и бонусот беа клучни за одлична добивка на тикет со 50 денари уплата

Погодени 13 исходи на фудбалски натпревари играни од 4 август до синоќа на еден прогнозер му донесоа добивка од 95.301 денар со уплата само од 50 денари. До оваа голема добивка со мала уплата прогнозерот дојде благодарение на бонусот на Sport Life. Бонусот на овој тикет е 30.908 денари.

Максималниот бонус може да изнесува и до 500 проценти, доколку ја искористите поволноста која се нуди до 31 август.

Прогнозерот ја искористи можноста да комбинира со различни игри од богатата лепеза на игри во Sport Life и погоди 13 парови со квоти од 1.50 и поголеми, па доби и бонус од 48 проценти. Чекањето му се исплатеше, тикетот е уплатен во објект на Sport Life во населбата „Даме Груев“ во Скопје уште на 4 август, а за добивка чекаше до синоќа, во 23 часот, кога заврши дуелот меѓу Аталанта и ПСЖ.

Малку фалеше тикетот да не биде добитен бидејќи прогнозата беше дека ПСЖ нема да загуби и притоа ќе паднат барем два гола на средбата. Вториот гол кој го спаси францускиот првак од пораз го даде Маркињос во 90-тата минута, а потоа ПСЖ даде уште еден гол за потврда дека прогнозерот ќе ги погоди сите 13 типови.

На тикетот има микс од игри, најчесто е комбинација на двознаци со број на голови. На неколку меча му требаше да не падне повеќе од еден гол во првото полувреме, а на две средби прв гол паѓаше рано, но сепак, за среќа на прогнозерот, така и остануваше по првите 45 минути. Критичен му бил и дуелот на Киево – Емполи, каде што гостите „не смееја да победат“, а при резултат 1-1, Емполи во 87-мата минута утна пенал за голема радост во Верона, но и во скопската населба „Даме Груев“.

Ова е доказ дека знаење, среќа и бркање бонус во Sport Life може да бидат ваша добитна комбинација.

- Оглас -

Најнови вести