Шишкарев потпиша за Веспрем, Вардар во контрола го совлада Металург

Руското десно крило Данил Шишкарев од следната сезона ќе го носи дресот на унгарски Веспрем. Клубот кој е ривал на Вардар во Лигата на шампионите и СЕХА-лигата во последните сезони често купува ракометари на Вардар, па и сега ја продолжува таа традиција. Освен со Шишкарев, од Веспрем се пофалија дека го ангажирале и Хорхе Македа, шпанскиот десен бек кој во минатото го носеше црвено-црниот дрес на македонскиот ракометен првак.

Шишкарев, кој има 31 година, со Веспрем потпиша двегодишен договор. Во Вардар е од 2014 година.

Денеска Вардар во пријателски натпревар убедливо славеше над градскиот ривал Металург со 35-26. За Вардар ова беше втора победа на два пријателски натпревари, по дуелот со Еурофарм Пелистер. На 5 февруари Вардар со тренерот Стевче Алушовски на клупата има меч со Кил на гостински терен во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести