Шкендија е носител во квалификациите за ЛШ, познати можните ривали

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, ќе биде во групата на носители, на ждрепката за првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони. Тетовци ќе го дознаат својот ривал на 18 јуни, а според УЕФА, треба да биде во улога на фаворит.

Шкендија има вкупно 6.000 бодови и тоа беше доволно да биде кај носителите меѓу кои се и: Селтик, БАТЕ, Астана, Лудогорец, Карабаг, Марибор, Црвена ѕвезда, Шериф, Розенборг, Хелсинки, Дандалк, Диделанж, Њу Сеинт, Слован и АИК. Ова значи дека Шкендија не може да игра против екипите кои се носители.

Кај неносителите, кои се и можни ривали на Шкендија во првото коло за ждрепката се: Судува (Литванија), Сараево (БиХ), Валета (Малта), Линколн (Гибралтар), Пијаст (Полска), Пјуник (Ерменија), Клуж (Романија), Ференцварош (Унгарија), Калју (Естонија), Сутјеска (Црна Гора), Партизани (Албанија), Валур (Исланд), Линфилд (Северна Ирска), Торшавн (Фарски Острови), Рига (Летонија) и Сабуртало (Грузија).

Ако успее Шкендија да го помине првото коло од квалификациите за ЛШ, во второто коло ќе биде во улога на неносител, што значи дека треба да има ривал кој ќе ја има улогата на фаворит.

Првите мечеви од првото коло од квалификациите за ЛШ ќе се игра на 9 и 10 јуни, а реваншите се закажани за 16 и 17 јуни. Второ коло од квалификациите треба да биде на 23/24 јуни, а реваншите на 30/31 јуни.

- Оглас -

Најнови вести