Шкендија го победи Работнички и му го препушти „фенерот“, Академија Пандев сигурен на врвот

Македонскиот фудбалски првак, Шкендија, конечно се израдува на првата победа во новата сезона. Дури во петото коло, тетовци стигнаа до победа и тоа против Работнички со 3:0. Со овој триумф, Шкендија избега од дното на табелата, каде сега се најде токму Работнички.

Победата на првакот ја најави Жуниор со гол во 19 минута, а потоа погоди и Алими за 2:0, додека во 90 минута триумфот го потврди Тотре.

Вардар стигна до третата победа во низа и тоа на убедлив начин, победувајќи ја Струга Трим Лум со 3:0. Отпорот на гостите беше скршен во второто полувреме. Жунињо даде два гола, а еднаш беше прецизен Аврамовски. Лидерот Академија Пандев со 2:0 славеше против Ренова, а во останатите два меча Македонија Ѓорче Петров со 3:1 го победи Борец, додека Шкупи минимално со 1:0 славеше над Силекс.

Табела: Академија Пандев 13 бодови, Македонија ЃП 11, Вардар 10, Шкупи 8, Ренова 7, Струга Трим Лум 7, Шкендија 4, Борец 4, Силекс 3, Работнички 3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести