Шкендија не го дава најдобриот стрелец во историјата на македонската Прва Лига

Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на македонската Прва Лига ќе продолжи да игра за Шкендија и во следните две сезони.

Стрелецот на 167 погодоци во нашата најквалитетна фудбалска лига ги одби понудите од неколку клуба од Косово и Албанија и одлучи да ја продолжи соработката со се уште актуелниот првак Шкендија.

Бесарт има неколку признанија за најдобар стрелец во Првата македонска лига, а двапати беше избран и за фудбалер на годината.

Во Шкендија е од 2015 година и сезонава во првенството што е прекинато постигна шест гола, а со клубот завршија на третото место, зад Силекс и Вардар, кој очекува одлука од ФФМ за да биде прогласен за нов првак во најквалитетната македонска фудбалска лига.

Ибраими има и 15 настапи за нашата репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести