Шкендија претрпе дебакл од Динамо Киев – пораз од 8:0

Младинците на Шкендија беа убедливо поразени со 8:0 нa легендарниот стадион „Валери Лобановски“ во Киев од украинскиот гигант Динамо. Играчите до 19 години на актуелниот македонски првак не можеа да им парираат на врсниците од Динамо во младинската Лига на шампиони.

Голеадата беше најавена уште по неполни 100 секунди, кога Динамо доби пенал, а сигурен реализатор беше Ванат. По 25 минути веќе беше 3:0 за домаќините, а на полувремето резултатот беше 4:0 за Динамо. И во второто полувреме не се смени речиси ништо на теренот. Динамо напаѓаше, а на крај тоа резултираше со уште четири нови голови за конечни 8:0. Како што почнаа, домаќините така и завршија, со гол од пенал во 90+6 минута.

На крајот, статистиката од овој меч вели дека Динамо упати дури 16 прецизни удари кон голот на Шкендија, додека младинците на македонскиот првак немале ниту еден прецизен удар кон голот на Динамо, што само дополнително ја опишува разликата во класи.

 

- Оглас -

Најнови вести