Шкендија си купи играч со младински стаж во два големи гиганти (Фото)

Аденис Шала е ново засилување на Шкендија и ќе биде освежување во офанзивниот дел за шампионот на Македонија, кој не ја почна добро новата сезона.

Шала е млад играч и има само 22 години, а беше член на младинските тимови на Хајдук и на Фенербахче. Играше за Б тимовите на двата гиганти, а сега ќе се обиде да се докаже во Шкендија.

Шала кој е од Косово играше за неколку клубови од тамошната Прва лига.

Тетовци мораа да се засилат по лошиот старт на сезоната во Првата македонска лига, каде ја бранат титулата, но немаат победа во првите две кола и се на 9. место со два бода по првите три кола.

 

- Оглас -

Најнови вести