Шкендија во Кавадарци ќе ја започне одбраната на титулата

Новата сезона 2021/22 во Првата фудбалска лига на Македонија ќе стартува викендот на 7 и 8 август. По завршената ждрепка во просториите на ФФМ, познат е и распоредот, како и паровите во првото коло.

Актуелниот првак Шкендија одбраната на титулата ќе ја започне со гостување во Кавадарци, кај новиот прволигаш Тиквеш. И вицешампионот Шкупи, како прв ривал на тетовци за титулата, исто така ќе ја почне сезоната со гостување кај уште еден нов прволигаш, Брегалница од Штип.

Прва лига на Македонија, прво коло 7/8 август:

Тиквеш – Шкендија

Брегалница – Шкупи

Работнички – Борец

Академија Пандев – Струга Трим Лум

Македонија Ѓорче Петров – Пелистер

Ренова – Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести