Шкотски четвртолигаш го има најкреативниот терен во светот

Брешин сити е клуб кој игра во шкотската четврта лига и воопшто не е познат во светски рамки. Сепак, овој клуб има со што да се пофали. Го има можеби најкреативниот терен во светот. Брешин повеќе од 100 години игра на стадионот „Глејб парк“, а на трибините може да собере околу 4 000 гледачи.

Теренот на овој стадион е еден од најкреативните и е вистинска милина да се гледа од птичја перспектива. Сепак, треба да се потенцира дека во најсилните лиги не е дозволено вакво креативно уредување на теренот бидеќи тоа може да ги збуни помошните судии кои се задолжени најчесто да проценат дали има позиција офсајд. Токму поради тоа, терените во најсилните лиги се со традиционални хоризонтални линии.

- Оглас -

Најнови вести