Шкотскиот гигант покажа дека е за ферплеј откако еден нивни играч направи срамен потег (Видео)

Глазгов Ренџерс потешко од очекувањата се пласираше во четвртфиналето на Купот на Шкотска, откако пред своите навивачи со 3:2 славеше над екипа која не е дел од нивната лига, Патрик Тисли. Шкотскиот гигант до победата стигна со гол во 86 минута, но највозбудливите моменти се случуваа на 20-тина минути пред крајот.

Резултатот беше 1:1, а домашните фудбалери ја исфрлија топката за да се укаже помош на еден повреден фудбалер. Гостите изведоа аут и сакаа спортски да ја вратат на противникот, но тогаш младиот Малик Тилман направи неочекуван потег.

Тилман направи притисок на противничкиот играч, му ја одзема топката и тргна да постигне гол. Играчот на Ренџерс погоди за 2:1, што наиде на шестоки реакции од гостите. Тие објаснуваа дека тоа требало да биде ферплеј потег и топката да биде вратена, а Тилман тоа не го сфатил.

По неколкуминутна нервоза, тренерот на Ренџерс јасно им покажа на своите фудбалери дека треба да им дозволат на противниците да посгитнат гол за 2:2. Тоа и се случи, гостите тргнаа од центарот, домашните фудбалери останаа да стојат и дозволија веднаш резултатот да биде израмнет на 2:2.

До крајот на мечот, Ренџерс сепак стигна до победа и пласман во следното коло од Купот.

- Оглас -

Најнови вести