Шкупи ако го мине Шамрок за групна фаза во ЛЕ ќе игра против Карабах или Ференцварош

Македонскиот шампион Шкупи ќе се сретне со Карабах или Ференцварош во плејофот од Лигата на Европа, доколку во третото квалификациско коло го надигра Шамрок роверс.

Избраниците на Гоце Седлоски во вакво сценарио би биле домаќини на реванш-дуелот во кој ќе се обиде да избори пласман во групната фаза од второто по квалитет клупско натпреварување на УЕФА.

Дуелите на Шкупи против Шамрок се закажани за четврток, односно реваншот за 11 август, додека натпреварите од плејоф-рундата би се одиграле на 18 и 25 август. Ден подоцна е предвидена ждрепката за групната фаза.

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски, со својот АЕК Ларнака ако слави против Партизан во двомечот, во битка за групната фаза ќе се сретне со Днипро.

Карабах/Ференцварош – ШКУПИ/Шамрок роверс

Днипро – АЕК Ларнака/Партизан

Гент – Омонија

Австрија Виена – Фенербахче/Словачко

Линфилд/Цирих – Харт оф Мидлотијан

Марибор/Хелсинки – Силкеборг

Малме/Дуделанж – Сиваспор

Макаби Хаифа/Аполон Лимасол – Олимпијакос/Слован Братислава

Црвена ѕвезда/Пјуник – Шериф/Плзен

Лудогорец/Динамо Загреб – Бодо Глимт/Жалгирис

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести