Шкупи го доби дербито против Шкендија, им дише во врат на стружани

Шкупи како домаќин во Кичево, со головите на Алварез и Трапановски, ја совлада Шкендија со 2-0 во дербито на првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига, па сега чаирчани дојдоа на само бод заостанување зад лидерот Струга Трим Лум.

Стружани во 87-ма минута се спасија од пораз во Кавадарци против Тиквеш, и тој гол ги задржа на прво место.

РЕЗУЛТАТИ: Брегалница – Скопје 0-0, Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев 0-1, Победа – Работнички 0-2, Шкупи – Шкендија 2-0, Тиквеш – Струга 1-1.

ТАБЕЛА: Струга 38, Шкупи 37, Шкендија 28, Тиквеш 27, Силекс 26, Брегалница 22, Работнички 21, Македонија 20, А. Пандев 15, Победа 13, Скопје 12.

- Оглас -

Најнови вести