Шкупи го шокираше вицепрвакот Пелистер среде Битола

Седмото коло од македонската кошаркарска Прва лига донесе големо изненадување, откако вицешампионот Пелистер го претрпе својот втор пораз оваа сезона, и тоа прв на домашен терен, од новиот прволигаш Шкупи. Тимот од Скопје, кој важеше за апсолутен аутсајдер, заслужено победи со 86-90.

На полувреме резултатот беше израмнет (45-45), но гостите го презедоа водството во третата четвртина и ја завршија со предност од 59-64.

Клучна улога за успехот на Шкупи имаа американските играчи. Арчи беше најефикасен со 26 поени и 12 скокови, Вилијамс постигна 20 поени и 13 скокови, додека Стојановски одигра одлично со 23 поени, 10 скокови и две асистенции.
Во редовите на Пелистер, најдобри беа Антоан со 26 поени и Бојиќ со 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести