Шкупи на крилјата на новото засилување, „летна“ на прво место, мега пресврт на Брегалница

Шкупи е единствениот домашен тим кој победи денеска во 19-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, и триумфот на чаирчани над Воска спорт ги искачи на прво место, бидејќи Струга Трим Лум одигра без голови против Работнички.

Два гола за Шкупи даде Емануел Аворњо, кој е нивно зимско засилување.

Брегалница до 87-ма минута губеше дома од Тиквеш, а на крај победи, Лавовите од Ѓорче Петров дома со пенал на Тотре загубија од Шкендија, па сега Македонија Ѓорче Петров и Вардар се на дното со по 18 бодови, пред нив се Брегалница и Воска со по 20.

РЕЗУЛТАТИ: Брегалница – Тиквеш 2-1, Македонија Ѓ.П. – Шкендија 0-1, Работнички – Струга 0-0, Шкупи – Воска спорт 3-0, Силекс – Брера Струмица 0-1. Вчера: Гостивар – Вардар 1-1.

- Оглас -

Најнови вести