Шкупи од Кавадарци тргнува во одбрана на титулата

ФФМ ги одреди паровите за првото коло од новата сезона во Првата лига на Македонија.

Актуелниот првак Шкупи со гостување во Кавадарци кај екипата на Тиквеш ќе тргне во одбрана на титулата.

Останатите парови се: Шкендија – Скопје, Академија Пандев – Брегалница, Силекс – Работнички, Струга ТЛ – Победа, Македонија ЃП – Ренова.

Првото коло е предвидено да се одигра на 6 август, а комплетниот распоред за Прва лига може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести