Шкупи го загуби дербито против Вардар со 3-2, а по овој натпревар тимот од Чаир изрази незадоволство од судењето на Игор Стојчевски.
Шкупи реагираше и пред натпреварот на изборот на Игор Стојчевски за главен судија за овој дуел, а сега реагира на третиот гол за Вардар кој го постигна Мицевски.
„Тоа на кое предупредувавме и се случи. Главниот судија Игор Стојчевски си ја заврши работата. Пред натпреварот предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офсајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре“, стои во соопштението.