Шоја влезе и итно излезе за 10 секунди – Јапонецот не пипна топка, а среќа е што не му скрши нога на противникот (Видео)

Шоја Накаџима направи голема глупост и беше исклучен на меч од турското првенство за само 10 секунди откако влезе во игра.

Јапонецот доби шанса на почетокот на 59. минута да влезе во игра за Анталијаспор против Адана Демирспор, но по само 10 секунди на терен доби црвен картон.

Лошиот старт во дуелот со норвешкиот репрезнтативец Јонас Свенсон првично беше казнет со жолт картон, но судијата доби инструкции од ВАР собта да ја провери ситуацијата и потоа го исклучи Накаџима.

Shoya Nakajima’s red card just after being subbed in vs Adana Demirspor 60′ (& his family’s reaction in the stands) from soccer

Да биде уште полошо за јапонскиот репрезентативец на трибините на стадионот во Анталија беше и неговото семејство, а на видеомоатеријалот е прикажана и нивната реакција по експресното исклучување на Шоја.

на мечот имаше уште две исклучувања, по едно на двете страни, а гостите од Адана победија со 3:0 на дуел на кој во составот кај нив ги немаше двајцата младински репрезентативци на Македонија, Манев и Куртулан.

- Оглас -

Најнови вести