Шок и солзи: Еден од најдобрите европски кошаркари изнесен од теренот (Видео)

Екипата на Анадолу Ефес се пласираше во финалето на плејофот од турското првенство, откако славеше над Галатасарај со 104:77. Во мечот на кој Ефес се радуваше се случи еден немил момент.

Најдобриот кошаркар на Ефес, Василије Мициќ погоди тројка, но на доскок го свитка зглобот. Српскиот кошаркар со болки и солзи во очите беше изнесен од теренот.

Според првичните информации, повредата не е толку сериозна и Мициќ ќе има кратка пауза. Најверојатно ќе го пропушти само првиот дуел од финалето на плејофот против Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести