Шок на еден од мечевите кои требаше да бидат сигурици на денот

Бенфика и Фаренсе ремизираа 1-1 во дуел од португалската лига, и овој кикс на Орлите од Лисабон придонесе да има многу недобитни тикети во Sport Life, каде овој меч беше еден од најиграните.

Домашните имаа 13 шутеви во рамки на гол, но само еднаш, во 71-ва минута ја затресоа мрежата на противникот.

Бенфика испушти прилика да избир на прво место на табелата, и сега е трета со само два бода помалку од Спортинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести