Шок – најпознатиот фан на Никс му се налути на клубот, веќе нема да оди во сала!

Режисерот кој има добиено и Оскар, а важи за најпознат и најверен навивач на НБА-тимот Њујорк никс, Спајки Ли, рече дека до крајот на сезонава веќе нема да оди да ги гледа натпреварите на неговиот омилен тим.

Ли се налути синоќа, кога не бил пуштен да влезе низ влезот од кој секогаш влегувал во „Медисон Сквер гарден“. Обезбедувањето не го пуштало да влезе во сала низ службениот влез за вработени во клубот, новинари и хендикепирани лица (влез низ кој влегуваше секогаш), па Ли смета дека тоа е начин како да му дадат до знаење дека не е пожелен.

Ли вели дека требало да му кажат дека не смее да влегува од тој влез, иако тоа го прави речиси три децении. Од Никс тврдат дека недоразбирањата биле надминати и дека Ли претерува, како и дека се поздравил со сопственикот на Никс.

Интересно е што Бруклин нетс, кој исто така е њујоршки клуб, го поканиле Спајки Ли да стане нивен фан, но тој ги одбил бидејќи сепак во срцето му е тимот со сино-портокалови дресови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести