Шок во Њујорк: Ѓоковиќ се предаде, САД ќе има нов тениски владетел

Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Отвореното првенство во САД откако ноќеска се предаде во дуелот со Стен Вавринка во осминафиналето. Србинот беше во негатива од два сета и 1-2 во гемови во третиот сет, кога одлучи да се повлече поради болки во левото рамо.

Првиот светски рекет побара медицинска помош по крајот на вториот сет, но и тоа не помогна. Проблемите со рамото се појавија уште во второто коло, а очигледно е дека со форсирањето Ѓоковиќ си наштети уште повеќе.

Вавринка во четврт-финалето ќе се соочи со Данил Медведев.

Во женска конкуренција, Елина Свитолина беше подобра од домаќинката Медисон Кејс по два сета со 7-5, 6-4.

- Оглас -

Најнови вести