Шок за Баерн: Левандовски нема да игра на двата меча против ПСЖ, може да ја пропушти и шансата да испише историја!

Роберт Левандовски даде два гола за Полска во дуелот против Андора, но потоа капитенот на националниот тим се повреди и мораше предвреме да го заврши мечот. Голгетерот се пожали на болки во коленото, а по денешните детални прегледи, констатирано е дека се работи за посериозна повреда на лигаментите на десното колено, која бара мирување околу еден месец.

Оваа повреда на Левандовски е голем удар за неговиот тим Баерн Минхен. Германскиот гигант објави дека нема да сметаат на својот најдобар играч за двата меча против Пари Сен Жермен во четвртфиналето од Лигата на шампиони, кои се закажани за 6 и 14 април.

Најдобриот фудбалер во светот според последниот избор на ФИФА за 2020 година сезонава даде 35 гола во 25 меча во Бундеслигата и е на прагот да го сруши рекордот на легендарниот Герд Милер, кој даде 40 погодоци во една сезона. Сепак, поради повредата на коленото, Левандовски ќе пропушти барем четири натпревари во првенството, а до крајот има уште осум кола до крајот, што значи дека ќе му останат четири дуели за да стигне до котата од 40 погодоци во една сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести