Шок за Баерн: Се повреди едно од летните засилувања!

Новото засилување на Баерн Минхен кое летово пристигна од Борусија Дортмунд, Рафаел Гереиро, се повреди на денешниот утрински тренинг и нема да патува со екипата на подготовките во Азија.

Ова е трет фудбалер кој отпадна од составот за пријателските натпревари на “баварците“ во Азија, откако претходно се повреди и напаѓачот Милер, како и голманот Нојер.

Баерн Минхен од 24-ти јули до 3-ти август ќе биде дел од Ауди купот и ќе игра пријателски натпревари против Манчестер Сити, Кавасаки и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести