Шок за Франција, но и за Баерн: Лукас ги скина лигаментите на коленото!

Францускиот селектор Дидие Дешамп не може глава да крене од повреди во својот тим, а најлошо од сите повредени мина бекот Лукас Ернандес, кој вчера против Австралија ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото, па за него завршено е Светското првенство, но и целата клупска сезона, што е шок и за неговиот клуб Баерн.

Сега во францускиот тим има само еден лев бек, тоа е братот на Лукас, Тео Ернандес. Дешамп веќе нема право да измени и дополнителен повик на друг играч, а тоа ги комплицира работите за светските прваци.

Триколорите убедливо ги поразија Кенгурите со 4-1, и го покрија отсуството на повредените Маињан, Кимпембе, Канте, Погба, Нкунку и Бензема, на кои сега им се приклучи и Ернандес, а повреден е и Камавинга, но тој ќе може да игра до крајот на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести