Шок за Французинот: Умтити ја завршува кариерата на 25 години!?

Францускиот интернационалец во редовите на Барселона, Самуел Умтити, наскоро може да ја заврши кариерата доколку се потврдат најцрните прогнози околу неговата повреда. Умтити има само 25 години, но често е повреден, а најмногу проблеми му прави коленото.

По последните лекарски контроли, најавено е дека Умтити треба да се врати на теренот на почетокот на следниот месец, но сепак постои една опција која е многу лоша за Французинот. Лекарите се плашат дека ‘рскавицата на коленото може да направи толку сериозни проблеми што би можело да значи и крај на неговата кариера.

Сличен проблем со ‘рскавицата имаше и легендарниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, кој токму поради таква повреда ја заврши кариерата предвреме. Засега од Барселона не се огласија околу овој проблем со Умтити.

- Оглас -

Најнови вести