Шок за Кралевите: Уште непочната – заврши сезоната за Куртоа

Навивачите на Реал Мадрид се во шок по денешниот тренинг, голманот Тибо Куртоа доживеа тешка повреда и најверојатно ќе ја пропушти целата сезона.

Куртоа на тренингот ги повреди предните вкрстени лигаменти, а лекарските прегледи покажале дека тие се скинати поради што ќе мора да оди на операција и во следните осум месеци нема да може да брани.

Шпанските медиуми веднаш тргнаа во потрага по негова замена и меѓу нив не се наоѓа голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски.

Димитриевски пред неколку месеци беше меѓу потенцијалните кандидати за наследник на резервниот голман Андреј Лунин, кој на крајот одлучи да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Сега како потенцијални засилувања на Реал се споменуваат Давид де Хеа, кој по 11 години го напушти Манчестер јунајтед и поранешниот голман на шпанската репрезентација е главен фаворит да биде нова „единица“ на Кралевите. Покрај Де Хеа, во комбинација за наследник на Куртоа се и голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, Боно од Севиља и Кејлор Навас од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести