Шок за Ливерпул во 90+6 минута, сега може да не играат ни во Лигата на шампиони

Ливерпул одигра само 1:1 против Њукасл на „Енфилд роуд“ во меч од 33. коло на Премиер лигата. Домаќините беа големи фаворити за трите бода, но Њукасл до последниот момент не се предаде и тоа на крајот им се исплатеше на гостите.

Мохамед Салах погоди во 4 минута за водство на Ливерпул и предноста на домаќините беше буквално до последните секунди од средбата. Њукасл со сите сили нападна и гостите дадоа гол во 90+2 минута кој беше поништен поради играње со рака.

Се играше 90+6 минута кога Њукасл повторно постигна гол, кој овојпат беше регуларен и го шокираше Ливерпул. Сега Ливерпул има 54 бода од 33 меча и е на шестото место на табелата, додека Челзи кој е четврти има 55 бода и меч плус за играње.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести