Шок за Манчестер Сити, Граѓаните елиминирани од Лига купот (Видео)

Саутхемптон направи големо изненадување откако успеа да го елиминира Манчестер сити во четвртфиналето од Лига купот во Англија. Гостите од Манчестер беа големи фаворити, но како да го потценија противникот и тоа им се „удри од глава“.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, реши да игра во комбиниран тим, па на клупа ги остави ѕвездите Де Бројне, Халанд, Марез, Бернардо Силва, како и голманот Едерсон. Тоа го искористија домаќините и со два гола во првите 30 минути стигнаа до одлична предност. Посебно убав беше вториот погодок од над 30 метри, кој може да го видите ТУКА.

Во вториот дел во игра кај Сити влегоа Халанд и Де Бројне, но тоа не даде многу шанса за гостите кои останаа без „муниција“. Саутхемптон во полуфиналето на Лига купот ќе игра против Нотингам форест, кој дури по подобро изведување на пеналите го елиминира Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести