Шок за ПСЖ – „Светците“ елиминирани од Лига купот на Франција

ПСЖ ќе нема можност да го одбрани трофејот во Лига купот на Франција, односно да го освои по петти пат во низа, откако на свој терен беше шокиран од Генгам со конечни 2-1. „Светците“ имаа преднос до 81-вата минута, која ја донесе Нејмар, а Нгбакото и Тирам го остварија сензационалниот пресврт на „Паркот на принцовите“.

Гостите претходно не погодија пенал во 61-вата минута, а Нејмар ја затресе мрежата веќе во следниот напад на неговата екипа. Голот кој го постигна Тирам се случи во третата минута од судиското надополнување, по што Генгам се најде во полуфиналето од лигашкиот Куп.

Бордо и Ле Авр играа вторпат само за три дена, а откако второлигашот ги елиминираше „жирондинците“ во Националниот куп, сега тоа не се случи во четврт-финалето на Лига купот во Франција. Бордо победи со минимални 1-0.

Монако претходно,по пенал-рулет обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи откако со Рен ремизираа при 1-1 во регуларните 90 минути, а се чекаше дури 11-тата рунда на изведување пенали за да се одлучи победникот.

- Оглас -

Најнови вести