Шок за Роналдо, Митровиќ ја однесе Србија на СП, се исплатеше мотивацијата од 1 милион евра! (Видео)

Србија со гол на Александар Митровиќ во 90-тате минута ја шокира Португалија среде Лисабон, па Србите ќе играат на Мундијалот, а Португалците ќе мора да се мачат преку бараж да обезбедат место во Катар.

Португалија е еден од можните противници на Македонија во првото коло од баражот, исто како и Русија, која денеска загуби од Хрватска и Шведска, која беше поразена со 0-1 од Шпанија.

Мората ја донесе тешката победа за Црвената фурија, по која Шпанците, сепак, директно одат во Катар.

Погледнете го голот на популарниот Митро, со кој Португалија беше шокирана:

- Оглас -

Најнови вести