Лоши вести на актуелниот европски шампион, Шпанија, пред мечот против Србија во Лигата на нации. Најдобриот млад фудбалер од последното Европско првенство, Ламине Јамал, се пожалил на болки после мечот со Данска и нема да биде дел од составот за мечот против нашиот северен сосед.
„На Јамал во Мадрид му беше направена магнетна резонанца за да се процени непријатноста пријавена после натпреварот против Данска. Тестовите не покажаа структурни оштетувања, а медицинските служби на Фудбалскиот сојуз потврдија дека се работи за преоптоварување. Наш приоритет е здравјето на фудбалерите и избегнувањето на било каков ризик од повреди, а со оглед дека веќе утре е мечот со Србија, одлучено е Јамал да не игра.“ – се вели во соопштението од Фудбалскиот сојуз на Шпанија.