Шок за Швајцарија: Без клучниот играч ќе играат против Србија

Репрезентацијата на Швајцарија вечерва во дуелот против Србија ќе мора да игра без првиот голман, Јан Сомер. Според најавите од швајцарските медиуми, Сомер има вирус и е болен, па нема да биде подготвен за клучниот меч во групата.

Сомер е главниот адут на Швајцарија во одбраната. Тој е и еден од најзаслужните што Швајцарија се пласираше на Мундијалот, а одлично бранеше и во првите два меча против Камерун (победа 1:0) и Бразил (пораз 0:1).

На местото на Сомер, на голот на Швајцарија ќе биде Грегор Кобел од Борусија Дортмунд.

На Швајцарија доволно ќе и биде да освои бод во дуелот со Србија, додека Орлите мора да атакуваат на трите бода ако сакаат да бидат дел од осминафиналето на СП.

- Оглас -

Најнови вести