Шок за Унгарците, до крај на СП ќе играат без најдобриот ватерполист

На „ревијалниот“ натпревар против слабиот Нов Зеланд, капитенот на машката унгарска ватерполо репрезентација, Денеш Варга, се здоби со скршеница на прст на раката и нема да може да игра до крајот на Светското првенство кое е во тек во Јужна Кореја.

Варга е капитен, водач, продолжена рака на селекторот, најдобар играч на Унгарија, па Унгарците сигурно беа во шок кога им кажаа дека ќе мора да се борат без својот лидер.

Според правилата на ФИНА, повредените играчи не може да се заменат среде турнир, па Унгарија ќе мора да игра со 11 ватерполисти, освен ако по некое медицинско чудо, Варга закрепне и се врати во завршницата.

Уште во раните утрински часови ќе се види колку повредата на Варга ќе биде проблем, бидејќи од 4.10 часот Унгарците играат дерби против Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести