Шокантен е бројот на заразени во португалскиот гигант Бенфика

Некогашниот двократен европски првак Бенфика е во незавидна ситуација, откако на последните тестирања за Коронавирусот, се појавиле дури 17 позитивни случаи. По појавување на толку голем број на заразени, во неизвесност е дали Бенфика ќе ги игра следните неколку меча или комплетниот тим ќе замине во карантин.

Засега се чекаат инструкции од здравствените власти, по што ќе се знае дали Бенфика ќе го игра утрешниот меч во полуфиналето од Купот против Брага. Освен во трка за трофејот во Купот, гигантот од Лисабон е и во трка за титулата во првенството. Бенфика моментно е на третото место со 32 бода колку што има и вториот Порто, додека лидерот Спортинг досега освои 36 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести