Шокантен пораз на Ѓоковиќ од сонародникот кој претходно два пати лесно го победуваше!

Душан Лајовиќ стигна до можеби најголемата победа во кариерата, откако успеа да слави против Новак Ѓоковиќ во меч кој траеше речиси два и пол часа, на турнирот во Бања Лука.

Уште на стартот на мечот Лајовиќ направи брејк кога стигна до предност од 3:1, а Ѓоковиќ успеа да се врати на 4:4, за да веднаш потоа Душан Лајовиќ успеа да направи рибрејк и да стигне до 5:4, а потоа да го освои гејмот на двој сервис за 6:4, во сетот кој траеше нешто повеќе од еден час.

Во вториот сет немаше брејкови. Двајцата тенисери ги добиваа гејмовите на свој сервис за 6:6 и тај-брејк. Во тај-брејкот ништо не делуваше дека Лајовиќ ќе победи затоа што Ѓоковиќ поведе со 4:1, потоа и со 6:3 што значи дека имаше три сет топки.

Сепак, Лајовиќ успеа да се врати, спаси три брејк топки во низа, а потоа освои и уште два поени за неверојатна победа од 7:5 во тај брејкот. За Лајовиќ ова е прва победа против еден тенисер кој е број 1 на АТП листата.

Српските тенисери досега претходно играле два пати, а Ѓоковиќ лесно победувал. Лајовиќ во претходните два меча против Ноле успеал да освои само четири гејма, па тој факт го прави уште поневеројатен овој негов триумф во Бања Лука.

- Оглас -

Најнови вести