Шокантна сцена на СП во снукер, протестант се качи на масата и со портокалов прав предизвика прекин (Видео)

Приврзаниците на организацијата „Just Stop Oil“ кои се борат за запирање на проектите со користење фосилни горива, вечерва имаа организирана акција на Светското првенство во снукер.

Тие знаеја дека настанот се пренесува во цел свет преку телевизијата „Еуроспорт“, па решија да ги нападнат двете маси на кои се играа мечеви од првото коло, а обезбедувањето не реагираше навремено.

Еден фанатик го прекина мечот на Пери и Милкинс, се качи врз масата и истури портокалова прашкаста материја.

На другата маса играа Ален и Џенгји, таму една 30-годишна девојка од организацијата сакаше да го стори истото, но беше спречена.

https://twitter.com/i/status/1648037528388136971

- Оглас -

Најнови вести