Шокантна сцена – Роналдо извади храна од гаќите и ја изеде на мечот со Гана (Видео)

Шокантна сцена што ја забележаа камерите на мечот меѓу Португалија и Гана приреди Кристијано Роналдо, а енигма е дали од гаќите извади некаква храна, која потоа и ја изеде.

 

Фотографиите и видеата се објавени на социјалните мрежи и предизвикаа бура од коментари, најчесто со многу доза на хумор, иако вистинска енигма е што извади Роналдо од гаќите и потоа и го изеде.

„Го глуми Јоги Лев“, или „Очигледно си чува грицки во гаќите, па си јаде кога ќе огладни“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Роналдо имаше и уште еден контроверзен момент на мечот, кога изнуди пенал во дуелот со Салису, иако беше сомнително дали има старт за казнен удар.

Потоа и го погоди пеналот, со што стана единствениот фудбалер на сите времиња што давал голови на пет различни Мундијали, а беше и прогласен за играч на мечот во победата на Португалија од 3:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести