Александар Овечкин, еден од најдобрите хокеари на денешницата и капитен на Вашингтон капитолс, денеска првпат во кариерата одигра фудбалски натпревар.
Овечкин дебитираше за Динамо Москва откако претходно потпиша договор на еден меч.
Во пријателскиот дуел против Амкал, Овечкин постигна ефектен погодок по што целиот стадион се крена на нозе.
Противниците во меѓувреме се мачеа да го спречат во неговите напади. Овечкин делуваше како џин во однос на останатите фудбалери, кои се одбиваа од него како да се удираат во ѕид.
https://twitter.com/dynamo_ru/status/1540758053036761088