Хофенхајм на домашен терен го победи Холштајн Кил со резултат 3-2 во натпревар од првото коло на Бундеслигата, а реализатор на сите три гола за домашните беше 33-годишниот напаѓач Андреј Крамариќ.
Хрватот по вторпат во кариерата постигна три гола во натпревар од првото коло во Бундеслигата. Првпат тоа го направи на стартот на сезоната 2020/21.
Пред Крамариќ, два хет-трика во мечеви од прво бундеслигашко коло имале само уште Герд Милер и Клаус Фишер.