Шоу на Јокиќ: Ниту јас не би се избрал себе си (Видео)

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, приреди шоу на олстар-натпреварот пред тој и да започне. Имено, Јокиќ самиот избра да биде дел од тимот на Леброн Џејмс кога капитените на двата тима ги бираа стартните петорки.

Центарот на Денвер заедно со Лаури Марканен останаа последни да бидат избрани од Џејмс или Адетокумбо, а Јокиќ не можеше повеќе да чека, па самиот му се прилучи на тимот на Леброн.

„Веќе знаете дека мојот последен избор е господинот трипл-дабл Никола Јокиќ“, рече низ насмевка Леброн Џејмс кога играчот на Денвер сам му пријде пред тој да го изговори неговото име.

По мечот, Јокиќ на медиумите им откри дека тој мислел дека е последен што остана да се избере, не забележал дека и Лаури Марканен исто така чека да биде повикан од еден од капитените.

„Мислев дека сум последен и станав. Се чувствував лошо поради тоа, посебно сега кога загубивме. Навистина мислев дека сум последен, не го забележав Марканен, направив грешка. Дури ниту јас не би се избрал себеси. Не сум јас за вакви натпревари“, рече Јокиќ, кој токму за време на олстар-натпреварот го прослави 28-миот роденден.

- Оглас -

Најнови вести