Шоу на Лилард и Јанис, Оклахома сити го доби дербито на Западот (Видео)

Дамиан Лилард дуелот со најслабиот тим во НБА-лигата Детроит пистонс го искориси за да се запише во историјата на Милвоки бакс.

Тој во победата на неговиот тим од 141:135 стана првиот кошаркар во историјата на Милвоки кој на еден натпревар постигнал 45 поени, повеќе од 10 асистенции и повеќе од пет скока. Лилард мечот го заврши со 45 поени, шест скока и 11 асистенции.

 

Одлична партија одигра и Јанис Адетокумбо на кого му фалеше една асистенција за трипл-дабл (31 поен, 10 скока и 9 асистенции). Кај Детроит кој има само четири победи во 42 меча, Алек Буркс даде 33 поени.

Оклахома сити тандерс го доби дербито на Западот против Минесота тимбербулфс со 102:97. Минесота во финишот на третата четвртина имаше 12 поени предност, но и тоа не беше доволно да се совлада Оклахома сити која во одлучувачките 12 минути ги доби со 28:14. Шеј Гилџес-Александер со 33 поени беше најдобар кај победничкиот тим, додека Ентони Едвардс со 19 поени ја предводеше листата на стрелци кај Минесота.

Резултати: Детроит – Милвоки 135:141, Шарлот – Филаделфија 89:97, Вашингтон – Сан Антонио 127:131, Атланта – Кливленд 95:116, Њујорк – Торонто 126:100, Чикаго – Мемфис 125:95, Хјустон – Јута 127:126, Минесота – Оклахома сити 97:102.

- Оглас -

Најнови вести