Шоу на Мхитарјан во Џенова, Ерменецот е како Ибра

Рома како гостин ја победи Џенова со 3-1 во меч на кој ерменскиот напаѓач Хенрих Мхитарјан даде три гола, и со тоа Ерменецот стана втор играч по Златан Ибрахимовиќ кој од 2015/2016 наваму, во три од топ петте фудбалски лиги во Европа, постигнал двоцифрен број на голови.

Македонскиот капитен Горан Пандев влезе при резултат 1-1, играше половина час и не успеа да го спречи поразот на Џенова, по кој тимот падна во опасната зона на табелата во Серија А. Со победата и новите три бода, Рома се искачи на трета позиција.

Во Бергамо, Аталанта и Интер освоија по еден бод, ремизирајќи 1-1. Голот за Аталанта го даде Алексеј Миранчук, кој е прв Русин после 13 години со гол во италијанската лига.

- Оглас -

Најнови вести