Шоу на Роналдо – Јувентус помина тежок испит во Џенова (Видео)

Јувентус не дозволи нов, трет пораз по ред на гостувањата кај Сампдорија и со победа од 2:1 е лидер на табелата во Серија А со 42 бода.

Вистинско ремек-дело беше победничкиот гол на Кристијано Роналдо во последната минута од првото полувреме. Португалецот уште еднаш покажа дека има моќен одраз, го натскока во дуел Муру и ја закова топката зад грбот на Аудеро.

https://www.youtube.com/watch?v=65c3j99SaY0

Прекрасен потег, скок и гол на еден од најдобрите играчи на сите времиња и решавачки за победа на шампионот. Претходно Пауло Дибала во 19-тата минута му донесе предност на тимот од Торино, а израмни Капрари со погодок во 35-тата минута.

Сите голови паднаа во првото полувреме, а во финишот на мечот му беше поништен погодок на Роналдо, оправдано поради офсајд.

По денешната победа, Јувентус е осамен на врвот со 42 бода, три повеќе од Интер, но со меч повеќе. Сампдорија е на една позиција над зоната за испаѓање со 15 бодови од 17 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести