Шоу на Сон во Сеул, најголемата корејска ѕвезда му донесе победа на Тотенхем

Публиката во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, си замина дома задоволна после голеадата на егзибицискиот меч помеѓу Ол-стар тим од ѕвезди од корејската К лига, и премиерлигашот Тотенхем.

Најдобриот корејски фудбалер, Хеунг-мин Сон, постигна гола за Тотенхем, оние за 2-0 и 3-0, откако Дејан Кулушевски даде гол за 1-0. Потоа во второто полувреме корејскиот ол-стар тим го ублажи поразот, на крај Тотенхем победи со 4-3.

Ова е голот на Сон за 3-0, а може да видите и судијата кој имаше камера, како го виде погодокот:

- Оглас -

Најнови вести