Шоу во Бергамо – Шест гола во второ полувреме, Аталанта го победи Наполи со 4:2

Аталанта го победи Наполи со 4:2 во меч со дури шест гола во второто полувреме, откако по првиот дел немаше ниту еден погодок.

Голеадата почна во 52-рата минута, а прв стрелец беше Дуван Запата за Аталанта. Веднаш потоа од игра излезе Елиф Елмас, кој беше заменет со Лоренцо Инсиње во 53-тата минута, а само 300 секунди потоа на 1:1 израмни Зјелински.

Гол-шоуто во Бергамо го продолжија Госенс и Мјуриел, а Аталанта поведе со два гола разлика и ја задржа таа предност до крајот на мечот.

Наполи намали на 3:2 со автоголот на Госенс, а печат на победата и на исклучително возбудливото второ полувреме на дербито во Бергамо стави Ромеро со последниот гол на мечот постигнат во 79-тата минута.

Поразот е многу незгоден за Наполи бидејќи повторно му се заканува отказ на Џенаро Гатузо по серијата порази, која сега е четири меча по ред.

- Оглас -

Најнови вести