Шоуто е загарантирано: Нотингам по 23 години може да се врати во Премиер лигата, но и Борнмут се прашува!

Борнмут и Нотингам форест вечерва во директен дуел решаваат за второто место во англискиот Чемпионшип и лудилото е загарантирано.

Победа на домашните значи нивна промоција во Премиер лигата, нерешено ги става во одлична позиција пред последното коло, но победа на Нотингам ќе значи дека Шумарите ќе избијат на второ место и во последното коло ќе имаат меч-топка.

Нотингам форест е клуб кој еднаш бил првак на Англија, а двапати бил европски првак. Форест 23 години чека враќање во елитното друштво.

Клубот има огромен број навивачи кои еуфорично ги испратија фудбалерите на вечерашното гостување.

- Оглас -

Најнови вести