Шпанец ги здрма вечните ривали од Рим – По 40 години се случи трансфер од Рома во Лацио

Поранешниот шпански репрезентативец Педро ја здрма фудбалската сцена во главниот град на Италија, Рим, и направи необичен трансфер од Рома во Лацио.

Педро лани дојде во Рома од редовите на Челзи, а сега го направи „забранетиот чекор“ и од таборот на Римската волчица се пресели кај Лацијалите.

Таквите трансфери се реткост, во овој милениум Педро е прв случај на фудбалер да премине од Рома во Лацио или обратно, но сепак ги имало.

Последен пред Педро што направил таков чекор е Карло Пероне во 1981 година со трансфер од Лацио во Рома. Интересно е што Пероне потоа се врати во Лацио само по една сезона и пет настапи за вечниот ривал Рома.

Педро ќе заработува по 3 милиони евра по сезона, а Рома му дозволи да замине без обесштетување.

 

- Оглас -

Најнови вести