Шпанскиот тинејџер Стефан Бајчетиќ блесна за Ливерпул (Видео)

Ливерпул на одличен начин продолжи со настапите во Премиер лигата откако со 3:1 победи на гости кај Астон вила. Дуелот на стадионот во Бирмингам ќе биде посебен за тинејџерот Стефан Бајчетиќ, кој погоди за 3:1 во 81-вата минута.

Бајчетиќ има само 18 години и 65 дена, а стана еден од најмладите стрелци во историјата на Ливерпул. Освен тоа, Бајчевиќ е вториот најмлад Шпанец кој дал го во Премиер лигата, веднаш зад Сеск Фабрегас, кој во 2004 година во дресот на Арсенал постигна гол само со 17 години и 113 дена, на мечот против Блекбурн.

Стефан е роден во Виго, каде што живеат неговите родители. Тој е син на некогашниот српски фудбалер Срѓан Бајчетиќ, кој има играно за Селта Виго, Брага, Црвена ѕвезда… Срѓан е оженет со жена од Шпанија и Стефан е роден таму. Токму затоа тој игра и за младата репрезентација на Шпанија до 18 години, но Србите се надеваат дека имаат шанси да ја добијат „борбата“ и Бајчетиќ во сениорскиот дрес да биде за селекцијата на Србија.

- Оглас -

Најнови вести