Шпанија без капитенот Рамос ќе ја пречека селекцијата на БиХ

Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос, нема да настапи на пријателската средба против репрезентацијата на БиХ. Од таборот на „црвената фурија“ потврдија дека дефанзивецот денес го напуштил тимот поради болки во препоните.

Рамос вчера играше против Хрватска и го постигна израмнувачкиот погодок од пенал за 2-2, но веднаш по средбата тој се пожалил на болки во препоните. Веќе неколку недели чувствувал болки, но и покрај повредата, Рамос не пропушти ниту еден натпревар за Реал Мадрид, но нема да патува за Лас Палмас за средбата против босанската селекција.

Засега е неивесно дали Рамос ќе биде подготвен да настапи за „кралевите“ против Еибар, мечот кој ќе се одигра на 24-ти ноември, во рамките од 13-тото коло во Ла Лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести